17/06/2022
Тргофер доо објавува лицитација за продажба на градежни машини по пат на наддавање.
Лицитацијата за градежните машини ќе се одвива во просториите на фабрика Димче Мирчев, ул. Раштански пат бр.4, Велес, на ден 01.07.2022, со почеток во 12:00 часот.
Градежните машини можат да се видат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и се наоѓаат во фабрика Димче Мирчев, ул. Раштански пат бр.4, Велес.
На постигнатата продажна цена ќе се пресмета 18% ддв, со право на одбиток.
Пријавување за учество на лицитацијата се врши преку:
Испраќање на пријава на [email protected] или
Лично во просториите на фабрика Димче Мирчев, ул. Раштански пат бр.4, Велес
Секој учесник на аукцијата е должен со пријавувањето да депонира 10% од почетната сума за учество во лицитацијата на конкретната машина, на трансаксицка сметка на Тргофер доо или во готово, во спротивно нема да може да учествува на наддавањето.
Сметка за уплата за учество: 270060523980110
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: за учество на лицитација на Тргофер доо.
Контакт телефон: 076 203 137
Контакт меил: [email protected]