МЖ Транспорт АД - Скопје е оринетирана да осигура услови за оптимална интеграција во составот на Европските железници, воспоставуваќи модел на корпоративно управување на принципите на пазарното работење и на задоволството на корисниците и вработените, со цел постигнување улога на национален лидер во превозот на патници и стока и најпосакуван превозник во соседството.
Целта на МЖ Транспорт АД - Ско
пје е да управува со средствата за транспорт на Македонските железници на принцип на одржливост на општествените вредности, а во функција на давање на квалитетни, доверливи, економски и еколошки прифатливи услуги за превоз на патници, стоки и услуги на влеча на возови, а во согласност со потребите на заинтересираните страни. анијата располага со возен парк од сопствени вагони, кои овозможуваат:
• Конвенционален превоз на стоки во отворени и затворени вагони;
Превоз на растресита стока (жито, мелена рудаи др.)
Превоз на течни горива во специјализираи вагони;
• Превоз на стока во контејнери на специјални плато вагони;
Превоз на стока во редовни маршрутни возови;
Превоз на особени пратки;
Превоз на живи животни;
Превоз на опасни материи.
Исто така МЖ Транспорт има контејнерски терминал во Скопје Товарна, кој располага со соодветна техничка опрема, што овозможува утовар и истовар на товарен и празни контејнери.
Контејнерски превоз може да се врши до секоја станица на МЖ Транспорт, отворена за товарен сообраќај ако утоварно-истоварните операции на контејнерот се извршуваат на самиот вагон.
МЖ Транспорт нуди логистички услуги во областа на конвенционалниот транспорт на вагони и контејнери низ пругите во Македонија и во странство.
Преку коридорот 10 (Табановци - Гевгелија, на македонска територија), на југ се поврзува со Солунското пристаниште, а на север се поврзува со земјите од Балканот и Европа.