15/04/2020
Почитувани,
Сакам да Ве известам дека и во овој период на рестриктивни движења сите наши збирни линии (V&V Pallet Network) продолжуваат да функционираат.
Посебно би ги издвоил следните држави каде што се најголемите проблеми за превоз:
- Италија - превземаме пратки и од најпогодените делови на Ломбардија (Милано, Бергамо, Бреша).
- Шпанија - превземаме пратки од најпогодените делови на Каталонија (Барселона)
- Франција - превземаме пратки од најпогодените делови на Франција
- Турција - заради карантин на возачи, македонски камиони многу тешко може да влезат во Турција. Нашите пратки од Турција кон Македонија патуваат со Турски камион.
На овие 4 релации сме едни од ретките што сеуште им функционира превозот, на пазарот.
Напомена: Збирните линии се поволни за мали пратки во габарит до 2.500 кгр.
Тоа се обично кутии, пакети, помали колети, палета, до највеќе 5 палети.
Транзитните времиња се подолги но најбитно е што линиите се редовни.
Цели камиони на овие 4 дестинации во моментов е многу тешко да се најдат.
Контакт за: Италија, Шпанија, Франција, Германија, Холандија, Белгија, Словенија, Грција.
[email protected]
[email protected]
Контакт за: Србија, БиХ, Турција, Романија, Полска, Чешка, Словачка
[email protected]
[email protected]
Продолжува да функционира и збирниот бродски превоз (V&V Sea Pallet Network).
Контакт за бродски превоз е: [email protected]
За сите прашања Ви стоиме на располагање заедно со целиот тим на транспорт.
Со почит,
М-р Александар Спасовски
+389 75 451 902
[email protected]