This is the WAY

This is the WAY Места каде сме патувале со камперот

BENIDORM -  Шпанија . Последното место од Шпанија беше Бенидорм. Екклузивно место , со многу добри хотели и убава плажа ...
29/04/2026

BENIDORM - Шпанија . Последното место од Шпанија беше Бенидорм. Екклузивно место , со многу добри хотели и убава плажа . Она што посебно нервираше беше ограничувањето на брзината за цел град на 30 км /х , а некда дури имаше и 20 , па и 10 км на час. Дајте бре луѓе, направете го цел град пешачка зона , па да не му ја мислам која камера ме фатила. Целта на патувањето во овој град беше Murador de Casteli . Место на самата плажа , каде се спушташ преку голем број на скали и на крајот има убав видиковец.Инаку другото баш и не беше нешто посебно. . Со ова го завршивме нашето патување , долго 11 000 км, низ дел од Франција, северна Шпанија , Португалија и јужна Шпанија. Убаво патување.. Видовме многу места , некои дури се „од пат“, не се толку „извикани “ , како на пр. Sepulveda ( Место каде се снимаше мојата омилена серија The Walking dead) ili Orbaneo de Castilja со својот водопад и др.места лпи вредеше да се видат . Време на карневали ( Венеција, Памплона ) , малку лошо време по пат и никакви бранови во Назаре, Португалија, кое иначе е познато по 7-8 , па и 10 метарски бранови и е рај за сурфери. ДО СЛЕДНОТО ПАТУВАЊЕ !

GUADIX, Шпанија . Мало, интересно градче .Познато по местото на снимање на Индијана Џонс  и по малите бели оџаци на куќа...
22/04/2026

GUADIX, Шпанија . Мало, интересно градче .Познато по местото на снимање на Индијана Џонс и по малите бели оџаци на куќарките сместени под земја. Тука е сниман првиот филм Indiana Jones and the Last Crusade . Тука се фотографиите од местото, реалното и од филмот. Остатокот од прошетката низ градот открива убави места . Над самиот град се населби со интересните куќи од кои голем дел се закопани во земјата и надвор се гледаат само белите оџаци

GRANADA, Шпанија . Останаа уште неколку града низ Шпанија за посета на нашето патување во фебруари . Еден од нив е Грана...
18/04/2026

GRANADA, Шпанија . Останаа уште неколку града низ Шпанија за посета на нашето патување во фебруари . Еден од нив е Гранада. Одиме по втор пат , зошто претходниот пат не можевме да најдеме паркинг , буквално се возевме повеке од половина сат и на крај најдовме место далеку 6-7 километри од центарот и си заминавме . Овој пат најдовме место , дури и преспаме таму . Утрото тргнавме на неколку километарска прошетка до АЛхамбра, по нагорнина . Прекрасен комплекс, со тврдина и познатиот дворец. Но за жал , немаше карти тој ден, па само се прошетавме низ тврдината , а во дворецот? Па некој друг пат. Потоа отидовме во центарот. Убав за шетање, но кога влеговме во една катедрала, вилиците буквално ни паднаа од восхит. Толку прекрасна катедрала, толку убави длабокорези немавме видено досега.. И буквално целата беше украсена со нив. Погледајте..

Убава бројка од километри со камперот  од  нашите патувања. Кај да е ке има уште една осумка напред :)
15/04/2026

Убава бројка од километри со камперот од нашите патувања. Кај да е ке има уште една осумка напред :)

Велигден во манастирот Св.Никола кај Порто Лагос, Грција. На нашите патувања за Турција одиме по стариот пат према Кавал...
12/04/2026

Велигден во манастирот Св.Никола кај Порто Лагос, Грција. На нашите патувања за Турција одиме по стариот пат према Кавала и Александрополи . Има интересни места кои ако се оди по автопат , нема шанси да се видат. Така ги сретнавме манастирот Св.Никола и малата црквичка , кај Порто Лагос, кај Ксанти, после Кавала. Направени се на 2 островчина, заедно со малата црквичка, поврзани со мостови . Стално е настанет со монаси и редовно се одржува служба. Така да оваа година одејки до Истанбул , го гаѓавме времето да се погоди за Велигден. Интересна богослужба, различна и од кај нас и од онаа лани во Тбилиси, Грузија.

MALAGA - Шпанија . Прекрасната Малага , така беше и наречена слаткарницата во Скопје , кај Беко , кога бевме студенти, с...
04/04/2026

MALAGA - Шпанија . Прекрасната Малага , така беше и наречена слаткарницата во Скопје , кај Беко , кога бевме студенти, со мојата сопатничка во животот и на нашите патувањата , одевме на сладолед . Паркиравме малку подалеку кај портот и светилникот и направивме една дообра прошетка . Времето прекрасно, топло, расшетани млади , убави паркови , улици , градби ..

ESTEPONA - Шпанија . Прекрасно градче , малку познато. Убаво за прошетка со своите мурали, саксии со прекрасни цвеќиња п...
04/04/2026

ESTEPONA - Шпанија . Прекрасно градче , малку познато. Убаво за прошетка со своите мурали, саксии со прекрасни цвеќиња по зидовите на улиците . И спомениците на секој чекор ..

ALGESIRAS - Шпанија . Освен како големо пристаниште ( од каде лани тргнавме за Мароко со траект) ,  Алѓесирас е и познат...
01/04/2026

ALGESIRAS - Шпанија . Освен како големо пристаниште ( од каде лани тргнавме за Мароко со траект) , Алѓесирас е и познат и по својот плоштад.. Имено , плоштадот е направен ( со своите клупи , фонтана, огради ) целосно од керамика . Интересни мотиви , керамички плочки кои раскажуваат некоја своја приказна , убави делови од оградата и прекрасната фонтана. Штета што поминувавме навечер , па богатството на бои не беше баш дојдено до израз.

CADIZ - Шпанија . Убаво приморско градче во Шпанија. Се стигнува преку голем висечки мост и се паркиравме малку подалеку...
27/03/2026

CADIZ - Шпанија . Убаво приморско градче во Шпанија. Се стигнува преку голем висечки мост и се паркиравме малку подалеку од центарот, во марината, каде се паркираа и други кампери. Прошетката до центарот на Кадиз беше низ убаво уредениот кеј , со многу кактуси , насадени покрај кејот. Тврдината до морето , што порано служела за одбрана од морските освојувачи , па самиот центар. Средби и фотографии со бројните „локалци“ , кои беа облечени во интересни костуми , заради карневалите. Посетата на историскиот музеј ни даде увид во историското богатство на овој град .Убави скулптури и уредени паркови . Убава , дневна прошетка, иако малку подолга.

HUELVA - Шпанија. После патувањето низ Португалија, кое патем беше проблематично поради (не)времето . се вративме назад ...
24/03/2026

HUELVA - Шпанија. После патувањето низ Португалија, кое патем беше проблематично поради (не)времето . се вративме назад во Шпанија. Првиот град е Хуелва. Градот е сместен во делтата на река, блиску до морето.Важен приморски град со своето пристаниште. Интересни улички и згради , полни со мурали , направени од керамички плочки .

COIMBRA - Португалија. Четврт град по големина во Португалија , после Лисабон, Порто и Брага.  Интересно градче се убава...
22/03/2026

COIMBRA - Португалија. Четврт град по големина во Португалија , после Лисабон, Порто и Брага. Интересно градче се убава архитектура, ама времето баш не беше добро. Влажно, но сепак дововлно за да ни овозможи неколку часовна прошетка по ова место. Убавите згради, мегу кои и универзитетите, па и средновековниот алвадукт.

Address

3rd Stone From The Sun
Prilep
7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when This is the WAY posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to This is the WAY:

Share