04/07/2025
🛑 Летна забрана за тешки товарни возила во Германија
Почнува летната забрана за сообраќај на тешки товарни возила во Германија, која важи во текот на јули и август. Забраната се применува секоја сабота од 07:00 до 20:00 часот, со цел да се олесни сообраќајниот метеж за време на туристичката сезона.
🔴 На мапата се обележани автопатите (Autobahnen) каде важи оваа забрана. Црвените линии покажуваат делниците на кои е ограничено движењето на камиони и тешки товарни возила.
🚛 Забраната важи за возила со дозволена максимална тежина над 7,5 тони, како и за сите товарни возила со приколка.
📍 Меѓу најпогодените патни правци се:
• A3 (околу Франкфурт и Нирнберг)
• A5 (од Карлсруе до Франкфурт)
• A8 (од Штутгарт до Минхен и кон Австрија)
• A9 (од Лајпциг до Минхен)
• A7 (од север кон југ преку Хановер, Вирцбург и УLM)
• A61, A6, A1 и други клучни автопати