ПАЛАНКА ТАКСИ

ПАЛАНКА ТАКСИ ПАЛАНКА ТАКСИ: СЕКОГАШ НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО!
Титнете н?

КАНОНИЗАЦИЈА НА ИГУМЕНОТ ЈОАКИМ КРЧОВСКИ - На 21 и 22 мај (сабота и недела) 2022 година во манастирот Св. Јоаким Осоговс...
03/05/2022

КАНОНИЗАЦИЈА НА ИГУМЕНОТ ЈОАКИМ КРЧОВСКИ - На 21 и 22 мај (сабота и недела) 2022 година во манастирот Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка

19/12/2021

ВЕЧНО ИМЕ И СРЕЌНА СЛАВА НА СИТЕ ШТО ГО СЛАВАТ СВ.НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ

Православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…

08/12/2021

НЕКА НИ Е ВЕЧЕН И ВЕКОВИТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ - СО СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ ЗАПОЧНА МАКЕДОНСКОТО ОХРИСТОВУВАЊЕ, А СО СВ. КЛИМЕНТА НАШАТА ЕВЕНГЕЛИЗАЦИЈА

Свети Климент Охридски е роден 836 година е Македонец и сесловенски просветител, а умрел 916 година во Охрид, е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиј бил истеран од Панониja од Светото Римско Царство, (идните германци) или продаден како роб и побарал спас во Паристрион, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време.

Bо Паристрион го пренасочил кнезот Борис во Христијанска вера, кoј за тоа добил на подарок земја околу Охрид, каде изградил манастир и училиште. Свети Климент Охридски ги ''осветил'' и гробовите на покојните пагански потомци на кнезот Борис.

Со дозвола на Паристријскиот кнез Борис 1 оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 у ченици но во Охридската книжевна школа сé користела ГЛАГОЛИЦАТА, не кирилицата.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, КИРИЛИЦАТА Е ПРЕНЕСЕНА во Преслав (Паристрија) поконкретно во Преславската книжевна школа од страна на Константин Брегалнички, која ја прават врз основа на ДРЕВНО МАКЕДОНСКОТО ПИСМО (ВЕНЕТСКОТО ПИСМО) но И СО модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики. Сигурно и Свети Наум Охридски Чудотворец, имал учество во основање на кирилицата, Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Мајка Македонија од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност.

Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè.

Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.

Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста. Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го учел народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник.

Односот на Господа Исуса Христа кон апостолите, за свети Климента бил личен пример за неговото однесување кон учениците. Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив. Со кротост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полно послушание и со синовска одаданост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко.“ Свети Климент љубел со срце, не – со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири. Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа.“

Неговата успешност е и во тоа што тој бил од овој народ и ги познавал сите што ги учел. Ако тој бил некој дојденец: Елин или Латин, некој Сириец или Александриец, не ќе можел така да им се доближи на учениците, а ниту тие ќе можеле да го сметаат за толку близок.

Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie). Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо.

Животот го посветил на Бога и на народот. Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа.

На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.

Што го натерало свети Климента на оваа посветеност? – Двете најголеми евангелски заповеди: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето. Свети Климент ги исполнил овие две заповеди: ја покажал љубовта кон Бога – со тоа што животот му го посветил на Бога; а љубовта кон луѓето – ја искажал во душегрижништвото за народот. А, во основа на сè е тоа што тој библиски приоѓал на сè и затоа богомудро решавал сè. Библијата била основа на сè што мислел, што зборувал, што пишувал, што творел и како живеел. Затоа постанал тоа што е – Божји светител и народен просветител. За сите прашања од животот ги користел Библијата и учењето на светите отци.

Многу јасно и едноставно го поврзувал Божјиот збор со светот и со животот на луѓето. Такви биле неговите беседи и слова. Во нив ја искажувал Христовата порака до луѓето. Им објаснувал што е човекот, според христијанското учење – и барал да ја исполнат својата човечка и христијанска цел. А која е таа? – Да бидат добри и човечни. Со љубов кон секого. Да се усовршуваат во доброто, во љубовта и во светоста. На тоа сме повикани од Бога. Така се доаѓа до спасението и до светоста. Таков е нашиот живот во Христа. А Христос дојде на земјава и ни даде пример за совршен човечки живот. Ова им го кажувал свети Климент на луѓето, во своите поуки. Неговата проповед била сеење на словото Божјо. Тој се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш.“ Како што говорел, така и живеел. Сè што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело. Поучувал и со збор и со личен пример.

Не проповедал само в црква или на богослужба, туку секогаш и секаде. Одел кај луѓето, по нивните места, ги посетувал и дома и на работа. Ги поучувал, им помагал. Знаел како да ги придобие за верата, за Христа, за Евангелието и за евангелскиот живот. Им говорел кога биле собрани заедно, но зборувал со нив и одвоено: и со мажите и со жените, и со старите и со младите, а и со децата – и на сите им посочувал што е тоа во Евангелието, а што тие дотогаш не го знаеле и каква светлина можат да доживеат, ако проникнат во спасителното дело на Господа Исуса Христа. И уште повеќе – од какво значење ќе биде тоа за нивниот личен живот, за разбирањето, за радоста, за семејството, за доброто, за заемната љубов и почит.

Тој бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите, и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.

11/09/2021

ДЕНЕС Е СТРОГ ПОСТ: СЕ ПРАЗНУВА ОТСЕКУВАЊЕТО НА ГЛАВАТА НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител е еден од 15 големи христијански празници од есенскиот циклус и секоја година се празнува на денешен ден, 11 септември.

Овој празник на територијата на Мајка Македонија е познат под различни имиња како: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Значењето на Свети Јован Крстител. неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така, како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. Според фолклористот Марко Китевски, Св. Јован Крстител е значаен во народот и поради тоа што тој се поврзува со кумството и побратимството, бидејќи според народните преданија, кога светците ги делеле функциите, на Св. Јован му се паднале кумството и побратимството.

- Гевгелиско
Овој празник е познат како Св. Јуван Посни и го сметале за тежок празник кога не смеело да се шие и да се пере облеката на децата. Тој ден, свештеникот одел по куќите и светел вода. Постарите жени тој ден додека не го бакнеле крстот и леб не јаделе. Утрото, домаќинката со српот сечела трева од која одбирала три страка коприва, ги врзувала со црвен конец и ги обесувала над влезната врата. За здравје на кровот ставале црвена преѓа.

- Охридско
Ефтим Спространов запишал: „Имало некој цар и сакал да се женит за снаа си. Свети Јон не го остал и многу зборвел, за да не се сторит таква страмота. Тога царот го затворил во апцаана и го држел таму. Оваа снаа му – имала една ќерка ногу лична. Цароф је викнал еднуш да му поиграт едно оро – да му се покршит како ченѓија и је рекол: Ќе ти дам што ќе сакаш- едно царство да ми посакаш и то ќе ти дам”. Момичката отишла и је казала на мајка си. Та бидеешчем била лута на Свети Јона је рекла на ќерка си: Поиграј му и ко ќе ти речит, што сакаш да ти дам, ти да му речиш: Од Свети Јона глаата.” Оваа момичкава била ногу аџамија. Ко је рекол: Шо сакаш да ти дам, та му рекла: Од Свети Јона глаата. Не знаела клетата зашчо је рекла така мајка је. Тогај царот пратил џељати и на саатот му је пресекле. Во тепчишче је клале и је занесле горе. Е ама на Свети Јон веднуш му порасла друга“.

- Велешко
Во регионот на Велес овој празник се нарекува „Црн свети Јован“ и на него, како и низ сите денови од седмицата не се крое и шие никаква облека, бидејќи се сметало дека кој ќе ги облече ќе биде погоден од несреќи (ќе се намери).

Фото: Главата на Јован Крстител на мозаик во црквата „Св. Троица“ во Радовиш

13/07/2021

Денеска, 13 јули (ден по Петровден), е празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли - ПАВЛОВДЕН.

Овој ден е празник посветен на еден од најзначајните апостоли за Мајка Македонија и Македонците бидејќи токму тој преку четирите свои мисионерски доаѓања во Македонија за прв пат започнал да го проповеда христијанството на европско тло.

Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли Св.Петар и Св.Павле, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле - Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека Св. Петар бил богат и сербес, а Св. Павле сиромав и добродушен. Се празнувало поради град.

Според преданието што во Охрид го забележал Е. Спространов „Петре и Павле биле побратими. Секʼде заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Овʼј чоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен- рекол,- та му го копʼм гробот. – Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт“.

АПОСТОЛ ПАВЛЕ БИЛ ЧЕТИРИ ПАТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Христијанството на територијата на Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал меѓу еврејското и паганското население.

Своето прво патување надвор од Азија, апостол Павле го направил во Македонија.

Апостол Павле во Македонија бил четирипати. При второто мисионерско патување, во 50 или 51 година ги формирал црквите во Филипи, Солун и Бер (Дела 16,9-17,14). 2). При своето третото мисионерско патување, во 57 година, посетувајќи ги вторпат истите места. Заедно со Лука ја крстосувал Македонија, проповедајќи го Евангелието низ сите македонски градови до Илирик и до источниот брег на Јадранското Море. Во тоа време, во Македонија, го напишал и го испратил Второто послание до Коринтјаните (Дела 20,1; 2. Кор. 2, 12-13; 2. Кор 7,5-9; Рим 15,19; Дела 20,2). 3) Во 58 година минал по третпат низ Македонија, враќајќи се кон Ерусалим и ги посетил градовите по обратен ред: Бер, Солун, Филипи (Дела 20,3-6). 4) И, четврти пат, кога од Македонија го напишал и испратил Првото послание до Тимотеја, во 64/65 година (1. Тим. 1,3).

Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во Дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:
..на Павлe му се јави ноќно видение: некој МАКЕДОНЕЦ застана пред него и му се молеше, велејќи: „ДОЈДИ ВО МАКЕДОНИЈА - ПОМОГНИ НИ! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол.

Градот Филипи (градот на Филип и Александар Македонски) станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството.

Во Филипи според Новиот завет се случило и првото крштевање и тоа на Света Лидија Македонка. Така Лидија станала првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од апостол Павле.

22/05/2021
️🇲🇰КОМИТСКИ КОНАК🇲🇰(с.Плешанци, Пробиштип)Резервации на: 078-309-371
30/09/2020

️🇲🇰КОМИТСКИ КОНАК🇲🇰
(с.Плешанци, Пробиштип)
Резервации на: 078-309-371

Првото велигденско јајце е најважно, ова треба да го направите со првото јајце од лани
16/04/2020

Првото велигденско јајце е најважно, ова треба да го направите со првото јајце од лани

На Велики четврток се фарбаат велигденските јајца, а главното прашање кое се поставува е што се прави со првото јајце од минатата година кое домаќинките го чуваат. ....

ВЕСТ КОЈА ГО СРУШИ ИНТЕРНЕТОТ: Фото+Видео што допре до МИЛИОН ЛУЃЕ, а го видоа над 300.000 и сè уште е ДИЛЕМА: ШТО Е ТОА...
12/04/2020

ВЕСТ КОЈА ГО СРУШИ ИНТЕРНЕТОТ: Фото+Видео што допре до МИЛИОН ЛУЃЕ, а го видоа над 300.000 и сè уште е ДИЛЕМА: ШТО Е ТОА НА НЕБОТО НАД КУМАНОВО? ИМА ЛИ ПОВРЗАНОСТ СО КОРОНА?

На небото над Куманово вчера попладне е снимена невообичаена појава на единечен облак кој според она што може да се види на видео снимката е статичен и во чудна ели....

ВИДЕО: Карантинот ја претвори Георгина во фризер - Еве како го потстрижува Роналдо
05/04/2020

ВИДЕО: Карантинот ја претвори Георгина во фризер - Еве како го потстрижува Роналдо

Напаѓачот на Јувентус, Кристиано Роналдо заедно со своето семејство и со вереницата Георгина Родригез се наоѓа во самоизолација во родниот португалски остров Мад....

Address

ПАЛАНКА ТАКСИ
Kriva Palanka
1330

Telephone

078-490-900

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПАЛАНКА ТАКСИ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share