10/06/2026
Известување за заштита на виновата лоза
Почитувани,
Поради нестабилните временски услови во изминатиот период, како и поволните температури за развој на примарни и секундарни инфекции од пламеница (Plasmopara viticola) и пепелница (Erysiphe necator), препорачуваме заштитата на виновата лоза да се изврши во периодот од 11.06.2026 (четврток) до 14.06.2026 (недела) со една од следните комбинации:
Комбинација 1
• Copper hydroxide 500 g/kg – 3 kg/ha
• Cymoxanil 45% w/w – 250 g/ha
• Sulfur 80 WG – 4 kg/ha
• Fluksapiroksad (Xemium) 300 g/l – 0,15 l/ha
Комбинација 2
• Metalaxyl 100 g/kg + Copper oxychloride 400 g/kg – 2 kg/ha
• Difenoconazole 60 g/l + Cyflufenamid 30 g/l – 0,6 l/ha
• Sulfur 80 WG – 4 kg/ha
Во лозовите насади каде што е забележан повисок притисок од пепелница, особено кај пораните сорти (Шардоне) и во пораните реони (Неготино, Тимјаник, Паликура и Курии), препорачуваме дозата на Sulfur 80 WG да се зголеми на 7–8 kg/ha.
Во покасните реони (Ресава, Бегниште, Брушани, Возарци и Дреново), каде што моментално не е забележан значителен притисок од пепелница, потребно е да се применат препорачаните дози по хектар без нивно зголемување.
Важно:
• Заштитата да се извршува исклучиво во раните утрински часови или доцна навечер, кога интензитетот на сончевото зрачење е намален.
• Третирањето да се врши во секој ред со подесување од 4 + 4 бренери, со цел да се обезбеди целосна покриеност на вегетативната маса и гроздовите.
Согласно тековниот мониторинг, летот на гроздовиот молец е со низок интензитет и не го надминува економскиот праг на штетност, па во овој момент не се препорачува третирање со инсектицид.
Со почит,