24 ИНГ дооел Битола

24 ИНГ дооел Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from 24 ИНГ дооел Битола, Ulica Borka Talev Modernot, Bitola.

Почитувани граѓани на Битола,На територија на град Битола се спроведува истражување за потребите на новиот Генерален урб...
22/04/2025

Почитувани граѓани на Битола,

На територија на град Битола се спроведува истражување за потребите на новиот Генерален урбанистички план на град Битола, во рамки на проектот за изработка на сообраќајна студија за градот, чиј инвеститор е Општина Битола. Истражувањето ќе се реализира преку анкета на домаќинства во периодот од 23.04.2025 до 30.05.2025 година. Анкетата ќе се спроведе онлајн на следната интернет страна https://www.gupbitolaanketi.mk/ и со физичко присуство на домаќинства.

Анкетата е целосно анонимна, односно вашето име, ниту името на било кој член од домаќинството,
не е потребно, а вашите одговори ќе се користат исклучиво како статистички податоци.
Организаторот на анкетата, по случаен избор, ќе обезбеди и вреден подарок – велосипед за еден учесник од домаќинствата кои ќе прифатат учество во анкетата.

Резултатите ќе се искористат за дефинирање на мерки за подобрување на транспортната
мрежа, намалување на негативните влијанија од сообраќајот врз животната средина, зголемување на пристапноста, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и
квалитетот на живот во градот.

Со вашето учество, придонесувате кон подобрување на сообраќајната инфраструктура и
транспортните услуги во Битола.

Линк: https://www.gupbitolaanketi.mk/

https://bitolanews.mk/2025/04/22/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b2%d0%ba%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%b0%d1%82-%d0%b2/

Почитувани граѓани на Битола, На територија на град Битола се спроведува истражување за потребите на новиот Генерален урбанистички план на град Битола, во рамки на...

🔸Денес имавме можност да бидеме дел од Третиот Саем за вработување, практикантство и стипендии на Техничкиот факултет – ...
02/04/2025

🔸Денес имавме можност да бидеме дел од Третиот Саем за вработување, практикантство и стипендии на Техничкиот факултет – Битола, каде што имавме можност да се поврземе со студентите, идните инженери, како и со средношколците кои се заинтересирани за техничките науки. Овој настан претставува одлична платформа за продлабочување на соработката меѓу академијата и индустријата, обезбедувајќи можности за практична работа, стипендии и потенцијално вработување.

🏢 Преку директни средби со студентите, споделивме информации за нашата компанија и кариерните можности што ги нудиме. Веруваме дека ваквите иницијативи играат клучна улога во поврзувањето на младите таленти со стопанството и создавањето на квалитетен кадар подготвен за идните предизвици.

16/03/2025

Со шок, неверување и тага ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок ден за сите нас!

На семејствата и блиските на загинатите им изразуваме искрено и длабоко сочувство, а на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со сите погодени од оваа несреќа.

Како општествено одговорна компанија, 24 ИНГ ДООЕЛ Битола стои на располагање за секоја неопходна помош. Ќе направиме сè што е можно барем малку да се ублажи болката и да се помогне на оние на кои им е најпотребно.

Во овие најтешки моменти, повикуваме на мир, сплотеност, хуманост и одговорност.

Со почит,
24 ИНГ ДООЕЛ Битола

Во рамките на Италијанскиот Ден на Дизајнот 2025, тимот на 24 ИНГ дооел Битола присуствуваше на  Конференцијата - НЕЕДНА...
21/02/2025

Во рамките на Италијанскиот Ден на Дизајнот 2025, тимот на 24 ИНГ дооел Битола присуствуваше на Конференцијата - НЕЕДНАКВОСТИ: ИТАЛИЈАНСКИ ДИЗАЈН ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, на кој беа претставени некои од најдобрите примери на италијански урбан дизајн кои се справуваат со нееднаквостите, урбаната иновација, урбаната технологија и одржливоста.

✅Градот како платформа за одржливви иновации.

✅Планирање на урбаната мобилност и концептот на одржливост.

https://gupskopjeanketi.mk/Application?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR2OEUGio56ztKb8DzcSNPztjwF8iVRUFmBWOUbORZwcCom99zoaMZBt...
04/07/2024

https://gupskopjeanketi.mk/Application?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR2OEUGio56ztKb8DzcSNPztjwF8iVRUFmBWOUbORZwcCom99zoaMZBthLg_aem_Kp6moJDVsJzKRCglyTItHQ

Познавањето на навиките при патувањата на граѓаните е од круцијално значење за идното планирање на урбаниот транспортот во градот во согласност со потребите за патување. За таа цел неопходно е да се спроведе истражување на побарувачка за патувања преку кое ќе се добијат статистички податоци за навиките на патување односно користењето на различните видови на транспорт како и ставови односно мислења на граѓаните во врска со политиките за урбаниот транспорт, сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги.
Резултатите од истражувањето ќе се користат за дефинирање на мерки за подобрување на ефикасноста на транспортната мрежа, намалување на влијанието од сообраќајот врз животната средина, обезбедување на пристапни опции за транспорт за граѓани, осигурување на безбедност во урбаниот транспортен систем и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Истражувањето на побарувачката за патување се врши за потребите на изработката на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје и истото се врши во рамките на проектот за Ажурирање на транспортниот модел на Град Скопје, чијшто инвеститор е Град Скопје. Истражувањето на побарувачката за патување ќе се реализира преку анкета на домаќинства. Анкетата е наменета за сите граѓани кои живеат во Скопје и истата ќе се спроведува во периодот од 01.04.2024 – 30.10.2024 година. Анкетата е целосно анонимна односно Вашето име ниту името на било кој член на домаќинството не е потребно, а вашите одговори се потребни само во само својство на статистички податок. Со учество во анкетата ќе го дадете својот придонес во унапредување на сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги во Скопје.

* Овој начин на анкетирање на домаќинства за навиките на патување подразбира дека пријавеното лице за учество во анкетата на својата е-пошта ќе добие линк за приста...

Тимот на 24ИНГ дооел Битола, на 30 Мај зема учество на Трета меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во со...
01/06/2024

Тимот на 24ИНГ дооел Битола, на 30 Мај зема учество на Трета меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“ во организација на РСБСП - РЕПУБЛИЧКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

На конференцијата имавме можност да го презентираме стручно-научниот труд на тема: BRT – BUS RAPID TRANSIT (МАСОВЕН ЈАВЕН ТРАНСПОРТ) – ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ: СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ВО ГРАД СКОПЈЕ

https://gupskopjeanketi.mk/ApplicationПознавањето на навиките при патувањата на граѓаните е од круцијално значење за идн...
02/04/2024

https://gupskopjeanketi.mk/Application
Познавањето на навиките при патувањата на граѓаните е од круцијално значење за идното планирање на урбаниот транспортот во градот во согласност со потребите за патување. За таа цел неопходно е да се спроведе истражување на побарувачка за патувања преку кое ќе се добијат статистички податоци за навиките на патување односно користењето на различните видови на транспорт како и ставови односно мислења на граѓаните во врска со политиките за урбаниот транспорт, сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги.
Резултатите од истражувањето ќе се користат за дефинирање на мерки за подобрување на ефикасноста на транспортната мрежа, намалување на влијанието од сообраќајот врз животната средина, обезбедување на пристапни опции за транспорт за граѓани, осигурување на безбедност во урбаниот транспортен систем и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Истражувањето на побарувачката за патување се врши за потребите на изработката на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје и истото се врши во рамките на проектот за Ажурирање на транспортниот модел на Град Скопје, чијшто инвеститор е Град Скопје. Истражувањето на побарувачката за патување ќе се реализира преку анкета на домаќинства. Анкетата е наменета за сите граѓани кои живеат во Скопје и истата ќе се спроведува во периодот од 01.04.2024 – 30.06.2024 година. Анкетата е целосно анонимна односно Вашето име ниту името на било кој член на домаќинството не е потребно, а вашите одговори се потребни само во само својство на статистички податок. Со учество во анкетата ќе го дадете својот придонес во унапредување на сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги во Скопје.

* Овој начин на анкетирање на домаќинства за навиките на патување подразбира дека пријавеното лице за учество во анкетата на својата е-пошта ќе добие линк за приста...

Address

Ulica Borka Talev Modernot
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38970312680

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when 24 ИНГ дооел Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to 24 ИНГ дооел Битола:

Share