23/03/2021
Вакви реакции стануваат се почести и апсолутно оправдани. Тензиите секојдневно растат, заедно со непотребното малтретирање на Евзони. Економиите мораат да продолжат да функционираат, но не по цена на непотребно малтретирање луѓе.
https://www.facebook.com/717685081682634/posts/3784384181679360/
#СтопЗаМалтретирањетоВрзКамионџиите
„Здраво, сакам да ви испратам слика за да види јавноста како се тестираат колегите на Евзони!
- Утрово во 8:30 часот по извршен ПЦР тест, цел ден ми течеше крв од носот и имав чувство на крв во устата.
- Ова мислам дека ги помина сите граници на нормала, но не бев само јас, имаше и 10 други колеги кои се пожалија на истиот проблем, мислам дека е редно време некој да превземе одговорност, под итно да се превземат мерки за разговор со “јужниот сосед” за укинување на ПЦР тестовите!
- По оваа случка јас повеќе не сакам да возам камион кон “јужниот сосед”, јас сум исто така нов возач и 4 месеци сум зад волан и здравјето ми е пред сѐ! ”
•Испратил: Горан•