Машиновозачи во МЖ - Транспорт

Машиновозачи во  МЖ - Транспорт zivotot i rabotata na MASINOVOZACITE .

01.12.2024
01/12/2024

01.12.2024

27/11/2023

Влез во Битола 26.11.2023

Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, ќе сообраќаат само еднаш дневноПатниците од среда нема да можат...
23/10/2023

Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, ќе сообраќаат само еднаш дневно
Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаат во 12:48 и 18:24 часот.

22 октомври 2023
Нови укинувања на патнички возови најавува Железници на РСМ-Транспорт. Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаат во 12:48 и 18:24 часот.

„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03:13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, се вели во соопштението од оваа државна компанија.

Патничките возови меѓу Скопје и Битола се најкористени според бројот на превезени патници, a се очекува ваквата одлука на Железници на РСМ-Транспорт да предизвика незадоволство особено меѓу граѓаните на Прилеп и населението од Азотскиот регион, кое нема друга форма на превоз кон Прилеп, Велес и Скопје, освен возот. Според податоците на Државниот завод за статистика, прилепската железничка станица е трета по големина во земјава со 60.000 отпатувани патници во 2022 година, по Скопје (150.000) и Велес (116.000 патници).

Инаку, укинувањето на двата пара возови меѓу Скопје и Битола доаѓа само неколку месеци откако железничкото претпријатие ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановци-Скопје. Ова укинување стапи на сила на 4 јануари годинава, а од тогаш до денес жителите од кумановскиот регион немаат можност да патуваат со воз до главниот град.

ВОЗОВИТЕ КОН КУМАНОВО И ТАБАНОВЦЕ ПОВТОРНО НЕ СООБРАЌААТ, НЕМА ДОВОЛНО МАШИНОВОЗАЧИ

Претходно, во мај 2021 година беа укинати возовите на релациите Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. До денешен ден овие патнички возови не се вратени во функција за граѓаните кои живеат од западниот и источниот дел на земјата. Во 2021 година беше укинат и брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје, а од 2018 година не сообраќа ниту експресниот воз Скопје-Битола-Скопје. Граѓаните веќе неколку години не можат да патуваат со воз и на релацијата од Скопје кон Белград и Солун.

ПОЛОВИНА ГОДИНА НЕ СООБРАЌААТ ВОЗОВИТЕ КОН КИЧЕВО, КОЧАНИ И ПРИШТИНА, ОД ЖЕЛЕЗНИЦИ-ТРАНСПОРТ МОЛК

Со најновото кастрење на возовите, патниците што патуваат меѓу Скопје и Битола ќе имаат на располагање само по еден воз дневно на оваа релација. Единствени возови што остануваат во сообраќај се двата пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, додека меѓу Скопје и Велес ќе има само шест пара возови дневно. Историјата на Македонски железници не познава волку мал број на поаѓања на возови во домашниот железнички сообраќај што некогаш претходно бил организиран од државната железница.

Од Железници на РСМ-Транспорт нема објаснување за причините за најновото укинување на патничките возови меѓу Скопје и Битола. При претходното укинување на возовите меѓу Скопје и Табановце беше пуштено образложение дека има недостаток на машиновозачи во претпријатието. Во меѓувреме, во јуни годинава се вработија 40 нови машиновозачи на неопределено време, па останува прашањето што тие ќе работат откако сите овие возови се укинати во изминатиов период. Според податоците од веб-страницата на претпријатието, во Железници на РСМ-Транспорт се вработени 941 лице.

29/06/2023
24/06/2023

ПОРАДИ РЕМОНТ, ПРУГАТА СКОПЈЕ-ВЕЛЕС ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ОД 8 ДО 14 ЧАСОТ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ
Поради ремонт на пруга, железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Велес-Скопје ќе биде делумно затворен од 26 јуни до 10 јули 2023. Во овој период нема да има сообраќај на патничките и товарните возови во терминот од 8.00 до 14.00 часот.
„Патничките возови 601 (9.15) на релација Скопје-Велес и на релација Велес-Скопје 2080 (12.10) нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела, кога ќе сообраќаат според возниот ред“, соопштија од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Во овој период од две седмици ќе се менуваат прагови и шини на делницата Велес-Кадина Река, каде што по констатирани неправилности во инфраструктурата, од 22 март возовите возат со брзина од 20 километри на час.

14 мај 2023 повторно немил настан на местото кое е најцрната делница во МЖ. Кадина Река -Рајко Жинзифов- Велес .
15/05/2023

14 мај 2023 повторно немил настан на местото кое е најцрната делница во МЖ. Кадина Река -Рајко Жинзифов- Велес .

04/08/2022

Воз 101 Венеција-Скопје-Истанбул

10/07/2022

Битола- Скопје 661-236

26/06/2022

Zvuk koj ne se zaborava

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Машиновозачи во МЖ - Транспорт posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share